Емина Јаховиќ се потсети на разводот со Мустафа Сандал: „Го сакав 14 години, а го оставив за 15 минути!“

Разделбата со турската ѕвезда се уште и е болна тема за разговор

И покрај разводот, двојката остана во добри односи

Српската пејачка Емина Јаховиќ прозборе за моментите како згаснал бракот помеѓу неа и турскиот пајч Мустафа Сандал, со кој беше во љубов 14 години, а во брак 10.

Тоа не беше ни малку лесно искуство, а денот кога ставивме крај на бракот вечно ќе го паметам. Отидовме на суд и за 15 минути ставивме точка на нешто кое траело 14 години. Се разделивме цивилизирано. Од тогаш поминаа шест месеци, а Мустафа и јас се трудиме да имаме нормален однос, поради децата“, раскажа пејачката за српските медиуми.

Емина и Мустафа спогодбено се договориле и за старателството над синовите, деветгодишниот Јаман и шестгодишниот Јавуз. Децата останаа со мајката. Сѐ додека биде сама, Емина добива месечна надокнада 3,000 евра, а ако повторно се омажи. ќе загуби право на неа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.