Елена Велевска: „Со три деца дома тешко дека ќе изгледаш некој филм!“

Ретко има време за себе

Придушена атмосфера +камин + квалитетно вино + добар филм = добитна вечерна комбинација

Придушена атмосфера, камин, квалитетно вино, добар филм е вечерната комбинација која најмногу
им годи на познатите за овој период. Тоа го тврди и пејачките Елена Велевска на која зимата и е омилено годишно време.

Сакам да изгледам добар филм, но во моментов немам време за такво нешто. Со три деца дома тешко дека нешто ќе изгледаш. И да сакам, ќе погледнам кон телевизорот, за три секунди се јавува некое од нив, нешто ќе побара и толку… Тука завршува моето гледање. Кога ќе заспијат децата, знам некогаш со сопругот заедно да изгледам нешто. Последен филм што го гледавме беше “Граничен премин”. Многу добар филм… Во секој случај, јас сум повеќе за излегување, но бидејќи и тоа е невозможно, некогаш кога имаме можност заедно со сопругот одиме на вечера и тоа е тоа.”, вели фолкерката која во моментов престојува во Америка каде има турнеја.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време