Елена Велевска по повод разводот: „Не се сомневам во себе и сигурна сум дека следува подобар живот“

Пејачката е оптимист

Откако јавно потврди дека се разведува по 10-годишен брачен живот со охриѓанецот Марјан Мирчески, и тоа поради долгогодишно семејно насилство, популарната пејачка Елена Велевска за „Естрада плус“ го даде првото интервју.

Нејзиниот сопруг Марјан Мирчески, против кого таа веќе покрена бракоразводна парница, вчера за Вистина.мк
изјави дека обвинувањата за семејно насилство се лага и дека бил известен од адвокатот за барањето за развод, но се’ уште живеат заедно под ист покрив.

Велевска пак, вели дека низ годините се залажувала дека работите ќе се сменат на подобро, но во интервјуто за „Естрада плус“ сепак остана резервирана за темата која е актуелна и наведе дека повеќе би сакала да зборува да кариерата.

Сепак, во она малку што го откри за јавноста, таа вели:

Завршува еден период кој што ми создавал проблеми во минатото и почнуваме нов живот во кој што треба да се покажеме храбри. Јас знам да се носам со сите падови, порази и успеси. Така ќе биде и понатаму, не се сомневам во себе и сигурна сум дека следува подобар живот.

Бев подготвена на тоа се’ што ќе направи непријателот, но кога немаш аргументи, ги изнесуваш валканите алишта од дома. Сакам да ставам крај и да не дискутирам, бидејќи се’ што ќе кажам може да биде злоупотребено“, заклучи пејачката.

Инаку, досега во медиумите неколкупати се појавија информации дека на Велевска и Марјан не им цветаат ружи во бракот, но досега ниту еден од брачните другари се немаше изјаснето во јавноста на оваа тем

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време