Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит и Анџелина Џоли имале таен состанок

Правната битка уште трае

Актерката не попушта и не се откажува од своите барања

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли соопштиле дека се разведуваат во 2016 година, но нивната битка за старателство на шесте деца уште трае.

Тие сега имале таен состанок дома на кој инсистирала актерката, а повод било токму старателството.

Иако не е познато кому ќе му припаднат шесте деца, според моменталниот договор, Бред добил право да поминува повеќе време со своите деца Медокс, Пакс, Захара и близнаците Нокс и Вивиен.

Според извор близок на парот, актерот ги гледа децата секој втор ден, со нив може да помине четири часа во текот на работната недела и 12 за време на викенд.

Наводно, Бред се бори за заедничко старателство на децата, додека Анџелина инсистира на целосно старателство.

Актерот продолжува да работи на себе и да биде добар родител.

„Веруваше во процесот цела година. Се надеваше дека ќе имаат заедничко старателство на децата. Сѐ што сака Бред е да биде татко и заедно со Анџелина да се грижат за децата“, изјавил изворот.

Анџелина неодамна го сменила својот адвокатски тим и ја ангажирала адвокатката Лаура Васер.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време