Џорџ Клуни јавно застанал во одбрана на Меган Маркл: „Ја прогонуваат како принцезата Дијана, трагичната историја се повторува!“

Тој е згрозен од однесувањето на јавноста!

Актерот одговорил и на гласините дали тој ќе биде кум на новото кралско бебе

Славниот актер Џорџ Клуни јавно застанал во одбрана на својата пријателка Меган Маркл и го споредил малтретирањето на новата војвотка со лошото искуство кое своевремено го доживеала покојната принцеза Дијана.

„Насекаде ја следат, постојано ја прогонуваат и осудуваат. Таа е жена во седмиот месец од бременоста, а со неа се однесуваат како со Дијана. Неславната историја се повторува, а сите видовме како заврши тоа на крајот“, загрижено нагласил Клуни алудирајќи на фаталната сообраќајна несреќа во 1997 година која се случила наводно додека папараците ја следеле покојната принцеза.

Актерот во оваа прилика конечно одговорил и на гласините дали тој ќе биде кум на новото кралско бебе.

„Јас сум татко на близнаци, имам доволно проблеми со кои треба да се справувам“, низ насмевка изјавил шармантниот Клуни и ги демантирал гласините за кумството со принцот Хари и Меган.

Џорџ Клуни не е единствениот што решил јавно да ја одбрани војвотката од Сасекс.

Истото го направиле и нејзините поранешни колеги и луѓе од најтесниот круг на пријатели кои не можеле да поверуваат дека јавноста така се однесува кон поранешната актерка.

„Мег се повлече и молкум ги трпи сите лаги за неа. Со оглед на тоа што е бремена, загрижени сме како сето ова влијае на неа и бебето. Целосно погрешно е некому да му се создава олкава емоционална траума, особено додека носи бебе“, истакнал еден од поранешните колеги на Меган.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време