Џенифер Лопез: „ Никогаш не се откажав од соништата!“

Призна дека некогаш и е напорно, но не се предава

Познатата пејачка и актерка ќе се појави на насловната страница на „Харперс базар“

Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез ќе се појави на насловната страница на магазинот „Харперс базар“.

Во новиот број на познатиот магазин ќе се појави и интересно интервју на популарната Џеј Ло во кое таа отворено зборува за своите несигурности и за тоа каков однос има кон кариерата и луѓето околу себе.

На фотографиите кои ќе се појават во магазинот може да се види феноменалната става на 49 -годишната латиноамериканка. Мегапопуларната пејачка меѓу другото во интервјуто за магазинот истакнала:

На почетокот на кариерата имав чувство дека луѓето сакаат да ме стават во кутија. Или ќе глумиш или ќе пееше, двете работи не може. Сепак јас се чувствувам сигурно со самата себе поради тоа што знаев дека ќе работам различни работи. Си реков себе си дека ќе се обидам.Никогаш не помислив дека не сакам да го работам она што го работам. Само некогаш помислувам дека добро ми ми дошла пауза. Но, сепак имам уште многу тоа што да направам. Мислам дека никогаш нема да си кажам себеси дека сум направила се што сум сакала, изјавила во интервјуто Џеј Ло.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време