Боби Браун ја оцрни бившата сопруга: Бев “чист“ Витни Хјустон ме навлече на дрога

Поранешниот сопруг на Витни Хјустон, Боби Браун во новиот филм за неговиот живот ја обвини славната пејачка дека го навлекла на дрога.

Филмот го продуцираше самиот Боби Браун (49), а во него тврди дека Витни Хјустон го нудела со дрога во време кога бил “чист”, наведуваат светските медиуми. Mirror известува дека акцентот на филмот е односот на Боби и Витни и тоа што пејачката е премногу “оцрнета”, судејќи според сцената кога се гледа дека Боби има мозочен удар, а пејачката го остава да умре.

Во филмот се гледа дека Боби е тој кој ја изговара реченицата:

“Доста е веќе со дрогите”.

Исто така прикажано е како Боби Браун самиот се бори против проблемите, па прикажана е и сцената во која тој имал сообраќајна несреќа поради возење под дејство на наркотици.

Парот, кој се венчал во 1992 година имаше една ќерка Кристина Боби Браун. Витни почина во 2012 година на 48 години, а нејзината ќерка почина три години подоцна речиси на истиот начин како својата мајка.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време