Актерот првпат јавно проговори за загубата на трите деца

Болна тема

Актерот и водител Драган Маринковиќ Маца откри дека неговата сопруга Јована минатата година била бремена со тројки, меѓутоа, за жал, ги загубила сите три бебиња.

Маца ја отвори душата во интервјуто за „Балкан инфо“, и откри дека неговата поубава половина и тој имаат болен период зад себе.

Многу и’ се восхитувам на Јована. Убаво е кога имаш партнер во кого си сигурен, многу ја почитувам. Пролетта 2018 година, Јована беше бремена. Имавме три бебиња и се’ беше во ред. Но во јули ги загуби сите три бебиња. Многу тешко ја поднесе загубата, нејзе тоа и’ беше прва бременост. Затоа избегавме од луѓето неколку месеци. Секоја чест за неа! Мене ме погоди, а можам само да замислам колку тешко и’ беше нејзе“, раскажа Маца.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време