Актерката искрено на најболната тема: „Да, абортирав! Не сакав дете од силувач!“

Три пати била силувана

ФОТО: AP / Michel Euler

50-годишната актерка никогаш не ги открила имињата на своите злоупотребувачи

Холивудската актерка Ешли Џад одлучила на конференцијата „Women in the World“ да проговори за многу лична и болна тема, за настан што засекогаш и’ го обележал животот.

Имено, актерката била една од говорничките на панелот за моменталната состојба на феминизмот во светот, на кој одлучила отворено да го раскаже своето искуство со абортусот.

Ешли и’ открила на публиката како донела одлука да ја прекине бременоста, бидејќи била силувана од страна на таткото на детето. Таа додала и дека во случај да одлучела да го задржи детето, таткото би добил право на старателството од државата.

„Причината зошто сакав да го раскажам моето искуство овде и тоа што сум многу отворена и како што сите знаат, имам преживеано силување три пати. По едното од нив останав бремена и многу сум благодарна што имав сигурен и легален абортус. Силувачот, кој е од Кентаки, би имал татковски права и во Тенеси, од каде што сум јас. Ќе морав да бидам родител заедно со човекот кој ме силуваше“, изјавила Ешли.

50-годишната актерка, која никогаш не ги открила имињата на своите злоупотребувачи, е една од првите холивудски актерки кои го обвинија режисерот Харви Вајнштајн за сексуално злоупотребување.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време