Ако не се согласи на овие услови, Анџелина ќе го изгуби старателството: Борбата околу децата продолжува

Најголемиот развод во Холивуд моментално е оној меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит

Иако поднеле барање пред две години, процесот не е ни одблизу готов

Овој пат проблемот не е во поделбата на имотот, туку во старателството над нивните шест деца. Привременото и целосното старателство и’ припаднало на Анџелина: Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и деветгодишните близнаци Вивиен и Нокс живеат со неа.

Анџелина ги води на сите нејзини патувања. Па така, ова лето сите ќе бидат во Обединетото кралство, бидејќи таму го снима второто продолжение на филмот „Maleficient“. Но Бред не е задоволен.

Засега добил право да ги посети во Лондон на неколку дена во јуни и јули. Од 27 јуни до 1 јули ќе има право да помине до 10 часа на ден со нив, а во јули од осум до 14 часа на ден.

Иако прво го обвинила за малтретирање на нивниот посвоен син Медокс, па тужбата била отфрлена, Бред сака да поминува повеќе време со нив.

Се чини дека судот во Лос Анџелес се согласува со него, па и’ наредиле на актерката да му дозволува да поминува повеќе време со нив, бидејќи „децата немаат однос со таткото“, во спротивно би можела да го изгуби целосното старателство.

Најстариот син Медокс наводно ќе може да бира со кој од родителите ќе поминува повеќе време, бидејќи има наполнето 16 години.

За време на средбите помеѓу Бред и децата мора да присуствува и психолог, а Џоли мора да му ги даде телефонските броеви на децата за да бидат редовно во контакт. Ако не се согласи на овие услови, ризикува да го изгуби старателството.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време