Згоден и повторно Турчин: Овој маж Емина Јаховиќ го нарекува „душо“ (ФОТО)

Повторно вљубена?

Фото: Бојан Вуковиќ

Љубовниот живот на музичката ѕвезда Емина Јаховиќ постојано е во центарот на вниманието, паралелно со случувањата за судскиот процес што го води против нејзиниот бивш сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал.

Популарната пејачка Емина Јаховиќ  за приватенот живот многу ретко зборува јавно, но истиот е будно следен од фановите кои дознаваат за се’ што ѝ се случува, а секако, тука се и  медиумите.

Во екот на судењето со бившиот сопруг Мустафа Сандал кого го тужи за неплатени алиментации, Емина објави фотографија од маж кому му се обрати многу емотивно, па со овој чекор очекувано ја збуни јавноста.

Момчето од фотографијата е Рашит Багзибагли, маркантен Турчин, кој во моментов е големо име во светот на модата,  моден дизајнер, кој од неодамна има своја модна линија.

Имено, Емина на Рашит со „стори“ на социјалната мрежа Инстаграм му го честиташе роденденот, нaрекувајќи го „душо“.

Овој нејзин гест, покрена лавина од коментари на фановите, кои се сомневаат, дали Рашит Багзибагли на убавата пејачка ѝ е само добар пријател, или, пак, се работи за почеток на нова романса, односно тој ѝ е новото момче.

Фото: Инстаграм

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време