Зафир Хаџиманов испратен на вечното почивалиште – Семејството и пријателите се простија од него

Последно збогум

Македонскиот пејач Зафир Хаџиманов кој исто така беше и филмски актер и композитор денеска беше испратен на своето вечно почивалиште.

Тој ја загуби битката со  коронавирусот на 27 март минатиот месец, а денеска кругот на најблиското семејство и пријатели се простија за последен пат од него.

Инаку телото на Зафир било кремирано, а неговиот син Васил преку социјалните мрежи објави дека урната ќе биде положена во алејата на заслужните граѓани.

Кога ќе заврши оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање какво што треба и заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка, баш така како што живееше тој целиот живот“, напиша неговиот син, џез музичарот Васил.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време