Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и групата „Мерак” го преработија неговиот познат хит од 1988 година (ВИДЕО) 

Патување низ времето

„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам…“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата “Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ги оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“.
Премиерата на композицијата се случи вчеравечер, песната официјално беше претставена на Јутјуб каналот на пејачката, а за идејата и реализацијата Бојана и момците од „Мерак“ го открија следново:
Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е се’“, рече Бојана.
Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во составот „Мерак“ и кој го потпишува и самиот нов аранжман.
Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал не успеа да ја слушне.
Зафир беше многу среќен што сме се сетиле на оваа песна и со задоволство ни даде дозвола за снимање на оваа преработка, сакаше да ја слушне веднаш штом ќе ја завршиме, но почина непосредно пред да ја промовираме и за жал не успеавме да му ја пуштиме“, раскажа Марио.
Видеото за новата верзија на “Мерак песна“ е снимено во студио Скендеровски, а како изгледа и звучи оваа маестрална нумера во изведба на Бојана Скендеровски и група „Мерак“ можете да погледнете во видеото во продолжение:

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време