По повод нејзиниот роденден потсетување на патот на една од најголемите ѕвезди на овие простори
Една од најголемите музички ѕвезди од поранешна Југославија Весна Змијанац наполни 69 години, а нејзиниот животен пат е подеднакво впечатлив како и нејзината кариера. Со децении таа важеше за жена која ги поместуваше границите на сценскиот настап, стилот и емоцијата, оставајќи зад себе безвременски хитови што и денес се пеат.
Иако публиката ја памети по силата и харизмата, нејзиниот приватен живот бил исполнет со тешки удари. Весна во својата автобиографија откри дека изгубила две бебиња во седмиот месец од бременоста, трагедии што длабоко ја обележале. Од бракот со Влада Јовановиќ ја доби ќерката Николија, која подоцна тргна по нејзините стапки и изгради сопствена музичка кариера.
Во март 2023 година пејачката се соочи и со сериозен здравствен предизвик кога имаше операција на отворено срце, при што ѝ беше вграден бајпас. За време на опоравувањето најголема поддршка ѝ беа ќерката, зетот Реља Поповиќ и внуките. И покрај дополнителните здравствени проблеми подоцна, Весна брзо се врати на сцената, покажувајќи дека нејзиниот дух е посилен од сите препреки.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тема на интерес, а самата таа без задршка зборувала и за врската со својот поранешен наставник по математика, како и за браковите со Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш и Влада Јовановиќ.
По повод нејзиниот роденден, јавноста не се потсетува само на бројките, туку на една бурна, искрена и силна животна приказна која ја направи Весна Змијанац легенда.
printskrin youtube – rts zabava – vesna zmijanac