Пејачката открива едноставен рецепт за вкусна пита која ќе ве врати во детството.
Весна Змијанац покрај богатата музичка кариера, важи и за одлична домаќинка која ја негува традиционалната кујна. Едно од нејзините омилени јадења е домашната пита со сирење од сукани кори, која често ја подготвува за семејството и гостите.
Овој специјалитет е идеален за појадок, вечера или кога имате гости, а најдобро од сè е што не бара големо кулинарско искуство. Со неколку основни состојки и малку труд, може да добиете вкусно и крцкаво јадење.
За подготовка ќе ви бидат потребни брашно, сол, вода, сирење, јајца и масло. Од состојките се замесува тесто кое треба да одмори, по што се дели на помали топчиња и се развлекуваат тенки кори.
Филот се подготвува со мешање на сирење, јајца и масло, а потоа корите се премачкуваат, се полнат и се виткаат. Се редат во подмачкан плех и се печат на 200 степени околу половина час, додека не добијат златна боја и неодолив мирис.
printskrin youtube – televizija e vesna zmijanac