Тоше нејзе ѝ ја испратил последната порака пред да потоне во вечен сон: „Принцезо моја единствена…“

Вчера се одбележаа 13 години од трагичната смрт на нашиот Тоше Проески.
Во раните утрински часови, тогаш 26-годишниот Тоше трагично го загуби животот во автомобилска несреќа кај Нова Градишка, а зад себе го остави несреќното семејство, пријателите, колегите и публиката. Меѓу нив се најде и Андријана, неговата голема љубов.

Некогашната ракометарка Андријана со Тоше беше во љубовна врска од 2001 до 2004 година, а потоа раскинаа, па се смирија во 2007-та година кога започнаа да живеат заедно.

И покрај тоа, Андријана по смртта на пејачот на суд мораше да докажува дека била во врска со него, а како доказ приложила 200 смс пораки кои што ги размениле.

Тоа на русокосата убавица ѝ пречело, а Тоше токму неа ѝ испратил порака пред да го загуби својот живот:

„Принцезо моја единствена, ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако повторно си во мојот живот. Те сакам“ – ѝ напишал Тоше, а потоа тој потонал во вечен сон.

Во 2013-та година Андријана се венча за македонскиот угостител Јохан Будимир, со кој што една година подоцна го доби синот Максим.

Гробот на својата поранешна љубов не го посетува често, особено не за време на годишница од смрт и останатите важни датуми кога таму има многубројни негови обожаватели и новинари.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време