Силувач на деца осуден на 169 удари со камшик: После 52-от удар паднал, но…

Осуден силувач на деца од Индонезија бил осуден на 169 удари со камшик, но после 52-от удар паднал на земја.

Оваа казна е спроведена во градот Банда Ацех, каде владее шеријатски закон.

Човекот кој локалните медиуми го нарекуваат Рони, требало да биде удиран 169 пати, но откако паднал после 52-от удар, лекарите навеле дека не е способен за продолжение, што значи дека процесот ќе продолжи другпат, бидејќи му останале уште 117 удари.

Рони веќе одлежал шест месеци од казната пред ударите, па бројот на удари бил намален од 175 на 169, по еден за секој месец во затвор.

„На грбот имаше модринки, ако продолжеа ќе можеше да искрвари. Подобро да одложиме додека не закрепне“, рекол еден од лекарите.

Рони бил удиран со камшик со уште пет осуденици, обвинети за коцкање и казнети се со осум удари.

Ова удирање се користи за казнување во една од најконзервативните индонезиски провинции и засновано е на шеријатски закон.

Пијанство, прељуба или хомосексуален однос можат исто така да бидат казнувани на овој начин.

loading...

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време