Шерон Стоун загуби половина од своето богатство: „Умре брат ми, па сега и ова!“

Пропаднале банките

Фото: Getty Images

Политичарите нема да ѝ кажуваат како да живее…

„Дојдоа тешки времиња за светот“, изјави холивудската легенда Шерон Стоун, откривајќи дека неодамна изгубила половина од заработеното во својата кариера поради колапсот на двете американски банки „Сигнатур“ и „Силвергејт капитал“.

Стоун (65) изјави дека сепак планира да донира пари во Центарот за рак на дојка.

Знам што се случува. Изгубив половина од парите поради финансиските проблеми на банките. Мојот брат почина неодамна, но тоа не значи дека нема да се појавам овде. Ова се тешки времиња за светот, за сите нас, рече Шерон Стоун на хуманитарна забава во Беверли Хилс.

Не ми треба политичарите да ми кажуваат што можам и што не можам да правам во животот и која е вредноста на мојот живот. Стани и кажи која е твојата вредност ако можеш. Тоа е храброст, додаде таа.

Во извештајот на магазинот „Пипл“ се вели дека не е јасно што мислела Шерон Стоун кога ги посочила „банкарски финансиски проблеми“, но се претпоставува дека мислела на колапсот на двете најголеми американски банки бидејќи актерката го одржала говорот веднаш откако беше објавено дека се случил најголемиот финансиски колапс во историјата од финансиската криза во 2008 година.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време