Шенон Доерти, која се бори со ракот, лута им порача на сите: „Седам дома и се лутам за сите нас!“ (ФОТО)

Моќен апел

На актерката Шенон Доерти (48) во 2015 година и’ беше дијагностициран тумор на дојка, кој успеа да го победи, но изминатава година болеста повторно и’ се врати, а неодамна откри дека е во четврт стадиум од подмолната болест.

Земајќи предвид дека целиот свет стравува од коронавирусот, но не се придржува до пропишаните правила за изолација, Шенон одлучи да го огласи преку социјалните мрежи.

Седам дома и се лутам за сите нас. За моите луше што се борат со ракот како мене. За мојата мајка и за моето семејство. За мојот сопруг. За моите пријатели и за секој од вас. Да се бориш со ракот во четврт стадиум е доволно тешко. Имам пријателка која одлучи да ја заврши борбата и сега е последен пат во болница“, напиша популарната Бренда на Инстаграм.

Потоа, актерката се разбесни и им испрати порака на сите што не се во изолација и карантин.

Овие луѓе патуваат за да уживаат. Толку ли е тешко да останеш дома? Не се придржуваат до пропишаните правила, не стојат на растојание и не излегуваат само во случај на крајна нужда. И јас сакам свеж воздух, но во својот двор, далеку од очите на сите. Зошто? Затоа што го сакам овој свет и го сакам своето постоење во него. Правам што можам. Зошто тоа не го прават и овие луѓе?“, праша бесната актерка.

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време