Познатата холивудска актерка го пофали медот на Атиџе и се пофали со подарокот кој го добила

„Најчистиот подарок и најчистата приказна“

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе.

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сe уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! , напиша таа под фотографијата со подарокот.

Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше воодушевена од филмот.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време