Популарната пејачка во 75-та година позира во костим на плејбој-зајачица (ФОТО)

Неуништлива

Доли Партон (75) го изненадила сопругот Карл Томас Дин, со кого е во брак повеќе од пет децении, со посебен подарок. Таа ја реконструира насловната страница на списанието „Плејбој“ од 1978 година.

Облечена во зајачки  уши, црн корсет со соодветни ракавици и розова панделка, Доли сподели видео на нејзиниот инстаграм-профил.

Веројатно се прашувате зошто сум облечена вака. Па, тоа е за роденденот на мојот сопруг”, започна таа во видеото, објаснувајќи ја својата облека. 

„Се сеќавате на времето кога изјавив дека ќе позирам за списанието Плејбој кога ќе имам 75 години? Па, имам 75 и магазинот веќе не постои, но мојот сопруг отсекогаш ја сакал оригиналната насловна страница на списанието.“

доли партон плејбој
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Видеото завршува со кадар во кој Партон го изненадува Дин со креативниот подарок. Таа на шега додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Мислиш дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за фотосесијата? Јас, да!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by José Guarín (@ichbinjoseguarin)

Инаку, кралицата на кантри-музиката позираше за насловната страница на популарниот машки магазин „Плејбој“ во 1978 година на своја 32-годишна возраст.

Фото и видео: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време