Новак и Јелена Ѓоковиќ: Нашите деца нема повеќе да дуваат свеќички на роденденските торти, а еве зошто

Ги менуваат правилата во семејството

Сопругата на најдобриот тенисер на светот Јелена Ѓоковиќ, во последно време јавно ги споделува нејзините ставови за правилно воспитување на нивните две деца

Неодамна, Јелена Ѓоковиќ изјави дека нејзините деца нема да бидат воспитувани со ќотек, а ваквиот нејзин став наиде на безброј коментари од српската јавност, дел од нив беа осудувачки.

Моите деца ќе бидат првата генерација која нема да биде казнувана со ќотек. Јас го добивав од моите родители, мојата мајка од моите баба и дедо, мојот татко исто така, Новак исто, неговите родители од неговите баба и дедо идентично. Моите Стефан и Тара нема да бидат на ваков начин казнувани за нивните постапки, и верувам дека е тоа чекор да почне да се менува светот. Сметам дека со ваквото наше однесување ќе почнеме да ја менуваме иднината на оваа нација.“

Освен ова, Јелена и Новак Ѓоковиќ изјавија и дека отсега натаму нивните две деца нема да дуваат свеќички на роденденските торти.  Причината е тоа што во манастирите на Косово палеле свеќи за живите и покојните, за здравје и мир.

Свеќата е симбол на несебична жртва, таа гори за да  им даде светлина и сјај на другите, симбол на отстранување на стравовите и лошите мисли. Па за нив било нејасно, зошто е прифатена таа традиција, да се гаси свеќа на роденденска торта додека се замислува желба, и решиле тој обичај да не го негуваат повеќе во нивното семејство.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време