Пејачката пронашла мир и решила да инвестира во сопствен дом за себе и семејството.
Марија Шерифовиќ веќе неколку години е вљубена во егзотичниот Бали, а токму таму решила да направи голем животен чекор. Островот станал нејзина омилена дестинација, каде често се враќа за да се одмори и да пронајде внатрешен мир.
Според медиумите, пејачката сериозно размислува да купи куќа на оваа локација, а една опција особено ѝ го привлекла вниманието. Таа неодамна го посетила Бали со најблиските – мајка ѝ Верица и синот Марио, кои целосно ја поддржале во оваа одлука.
Станува збор за куќа во изградба, со површина од околу 111 квадратни метри, сместена во природна средина опкружена со манго дрвја. Комплексот нуди бројни содржини, вклучувајќи базени, ресторани, фитнес сала и спа центар.
View this post on Instagram
Дополнително, локацијата е на само неколку минути од плажа, а има и содржини наменети за деца, што особено ѝ се допаднало на пејачката. Со оваа инвестиција, Марија сака да си обезбеди место каде секогаш ќе може да се повлече и да ужива далеку од јавноста.
printskrin youtube – telegraf.rs tv serifovic