Ким Кардашијан во врска со бившиот на својата пријателка?!

А се дружеа во двојки...

Крис Џенер смета дека пронашла совршен партнер за својата ќерка Ким Кардашијан, која се разведува со раперот Канје Вест.

Имено, таа се обидува на секој можен начин да ги Ким и поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез.

Потсетуваме, Ким Кардашијан и Џенифер Лопез се пријателки, за што сведочат и фотографиите снимени на Мет-гала пред неколку години, кога двете убавици се појавија со своите посилни половини – Канје и Алекс.

Кога станува збор за Крис Џенер, сè е јасно како ден – сѐ што ќе науми таа, главно ѝ се остварува, а прекарот „мамаџерка“ не го добила без причина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

И додека Џеј Ло ужива во стара/новата врска со Бен Афлек откако ја раскина свршувачката со поранешниот спортист, самиот Родригез беше фатен со различни жени, но се покажа дека тој не е со ниту една од нив.

Сега се појавија наводите дека Алекс и Ким се во контакт со месеци, и дека флертуваат, а дека токму Крис е таа што ги поддржува во сè и ги „поттикнува“ на следниот чекор.

Тие би можеле да станат американска златна двојка – наводно им рекла Крис на пријателите на Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ким не е тип на Алекс, но тој по секоја цена се обидува да најде некој со кого би можел да им контрира Џеј Ло и Бен – рекол извор близок до Родригез и додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

Одлично е и тоа што Ким е помлада од Џеј Ло, а Алекс е импресиониран од тоа што таа се обидува да стане адвокат. Секој ден се во контакт, и тоа е многу. Сè уште е рано, но како што одминува времето, тие изгледаат сè посовршени еден за друг, а Крис врши притисок врз Ким да му даде шанса – рекле извори блиски до Родригез.

Фото: Инстаграм, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време