Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел наполни 16 години – Винсент ѝ честита со емотивна фотографија

Убавината ја наследила од мама

Актерот Винсент Касел објави фотографија со најстарата ќерка од бракот со Моника Белучи, Дева, и ја покажа неверојатната сличност на 16-годишното девојче со убавата мајка.

„Честитки, љубов“, напиша тој покрај црно-белата фотографија што ја објави по повод 16-тиот роденден на тинејџерката. Во коментарите следбениците не престанаа да прават споредби со познатата Моника.

Таа ја наследила целата убавина на нејзината мајка, чудо“, „Изгледа како Моника“, „Прекрасна е, исто како и нејзината мајка“, „Моника ,иста комплетно, каква убавица“, „Дева е неверојатна како и нејзината мајка“, пишуваат придружниците на Винсент со роденденските честитки.

Винсент од бракот со Моника Белучи има две ќерки, 16-годишната Дева и пет години помладата Леони.

Минатата година актерот ја доби ќерката Амазон со манекенката Тина Кунаки, која е 30 години помлада од него. Тој беше во брак со Моника од 1999 до 2013 година.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време