„Кавгаџика сум, брзо се нервирам,“: Александра Пријовиќ за килограмите, расправиите со Филип и третото дете

Пејачката Александра Пријовиќ гостуваше во емисијата „Стоперка“ кај колешката Гоца Тржан, каде искрено и без задршка проговори за приватниот живот, односот со сопругот Филип Живојиновиќ, борбата со килограмите по бременостите, но и за сопствениот темперамент.

Иако во јавноста оддава впечаток на смирена личност, Пријовиќ призна дека приватниот профил ѝ е сосема поинаков, како и дека со Филип поминале низ разни фази под притисок на медиумите:

Јас сум кавгаџика и брзо се нервирам, многу сум нервозна — тоа го знаат само моите најблиски. Со Филип на почетокот постојано бевме по насловните страници, неделно нè раскинуваа и разведуваа, па добив анимозитет од интервјуа. Тој денес најдобро ме познава и има огромно влијание врз мојата музика. Кога ми ја предложи песната ‘Тотална анестезија’, јас се фатив за глава и го прашав дали е нормален бидејќи не ми се допаѓаше. Тој инсистираше да ја купиме и ми рече дека ќе биде најголем хит, што на крајот и се потврди“.

Пејачката зборуваше и за физичкиот изглед и бременостите, откривајќи дека во првата качила 24 килограми, а во втората 18, па морала четири месеци да гладува за да ја врати линијата:

„Штом дознаам дека сум бремена, веднаш почнував да јадам. По раѓањето на децата гладував за да ги симнам килограмите, а телото по двете бремености ми го промени обликот. Ќе видиме како ќе изгледам кога ќе се роди и третото дете“.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе