Игор Џамбазов и Илина прославија една година љубов: „Побара да ја гушнам и таа гушка трае и ден денес!“

Актерот се разнежни, љубовта прави чуда

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова секојдневно уживаат во својата љубов и заеднички моменти.

Откако ја започнаа врска тие секој момент го поминуваат заедно и буквално се наразделни.

Парот не ја крие својата среќа, па често на социјалните мрежи знаат да споделат заеднички фотографии.

Деновиве, пак, Илина и Игор ја прославија својата прва годишнина. По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.

 Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…,“, напиша Џамбазов.

 

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време