Хајди Клум има голема причина за радост – Ги доби резултатите од тестот, таа и сопругот се негативни

Не се заразени од Ковид-19, туку имале само обична настинка

Германската манекенка Хајди Клум живееше во страв дека има коронавирус, но конечно откри дека тестот за Ковид-19 е негативен. Таа се тестираше пред 10 дена, крена паника на друштвените мрежи и се стави во самоизолација 2 недели. Конечно на крајот во својот карантин ја доби потврдата дека е здрава.

Многу сум подобро, благодарам на сите. Имав само посилна настинка која се уште се обидувам да ја преболам. Ви праќам на сите многу љубов“, напиша Хајди на Инстаграм.

Таа за време на својата изолација беше во својата вила во Бел Ер каде е поради снимањето на третата сезона од шоуто „America’s Got Talent: The Champions“.  Негативен на вирусот е и нејзиниот сопруг, 30-годишниот музичар Том Каулиц.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време