Пејачката сподели брз режим кој дава резултати за кратко време, но бара дисциплина и посветеност.
Емина Јаховиќ важи за една од најнегуваните јавни личности, а нејзиниот изглед секогаш привлекува внимание. Таа откри дека пред важни настапи или настани практикува посебен режим на исхрана кој ѝ помага брзо да ја доведе линијата во ред.
Првиот чекор, според неа, е целосно исфрлање на шеќерот и белото брашно. Наместо тоа, се фокусира на протеини и свеж зеленчук, кои го намалуваат апетитот и го забрзуваат метаболизмот.
Водата игра клучна улога во овој процес, па се препорачува внес од најмалку два литра дневно. Дополнително, вечерата треба да биде лесна и да се консумира најдоцна до 19 часот.
Покрај исхраната, важен фактор е и физичката активност. Лесен тренинг или брзо одење од 30 минути дневно може значително да помогне, но најважно е по овој режим да се задржат здрави навики.
printskrin youtube – blic tv emina jahovic