Експлозија од бои – Џенифер Лопез со уникатен моден стајлинг прошета низ улиците на Њујорк

Диктира модни трендови

Латино дивата се прошета во ефектно парче облека и никого не остави рамнодушен…

Џенифер Лопез (51) е сликана на улиците во Њујорк во ефектен стајлинг, со кој го привлече вниманието на бројни случајни минувачи.

Латино дивата која инаку е позната како голем љубител на блескавите модни парчиња, овој пат облече лелеав макси фустан со јакничка во бајкерски стил.

Овој аутфит неодоливо потсетува на модните парчиња со потписот на италијанската модна куќа „Versace“.

Џеј Ло стајлингот го зачини со тиркизна торбичка со ефекти од крокодилска кожа, сламен шешир со потпис на брендот „Zimerman” и неизбежната заштитна маска, овој пат во црна боја.

Од обувки овој пат таа избра високи потпетици со боја на кожа и провидни ременчиња.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време