Дечкото на Мина Костиќ обвинет дека е измамник – пејачката јасно одговори на шпекулациите

Љубовта пред сите обвинувања

По лавината коментари на социјалните мрежи двојката испрати силна порака и стави крај на гласините

Пејачката Мина Костиќ заедно со својот партнер Мане Ќурувија познат како Каспер се најдоа во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија обвинувања дека тој е измамник. И покрај негативните коментари двојката вели дека не им посветува внимание и дека нивната врска не е разнишана од гласините.

Откако Каспер допатува во Србија тие не се разделуваат а нивното прво заедничко интервју предизвика бројни реакции. Мина истакна дека има и лоши коментари но дека таа не се навраќа на нив и дека нејзиниот партнер воопшто не ја разочарал како што се пишува по Интернет.

Каспер призна дека на почетокот реагирал со насмевка но подоцна и со тага поради навредливите пораки. Тој тврди дека дел од коментарите се нарачани и дека на некои луѓе им пречи тоа што јавно зборува позитивно за својата земја. Дополнително ги демантираше шпекулациите за своето потекло и истакна дека е горд на својот татко и на своето семејство.

Пејачката нагласи дека е исклучително среќна и дека во нивната врска постојат здрави темели изградени на љубов и доверба. Каспер пак стави точка и на гласините за наводна веридба со поранешна ријалити учесничка потенцирајќи дека тоа се измислици. Двајцата открија и дека размислуваат за проширување на семејството и заедничка иднина.

Printscreen/Instagram/minakostic_official

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе