Крај на љубовната бајка: Антониа Гиговска и Иван Јованов раскинаа! (ФОТО)

Парот останал во пријателски односи...

Заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“.

Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦁 (@jovanov_ivan)

Шпекулациите за нивното раскинување почнаа пред неколку месеци кога двајцата престанаа да споделуваат заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи, но тие ги демантираа наводите со нивниот заеднички одмор во Турција.

Да, вистина е дека Иван и Антониа веќе не се заедно. Но најважно е тоа што останаа во добри односи. Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат кафе заедно по сè, но важно останаа во океј-односи – ни потврди нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Точната причина за нивното раскинување засега не е позната, иако низ градските кулоари се кружат разни муабети…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време