„ЖИВА СТАТУА“ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Дел од публиката се крстеше, многумина не ја ни препознаа – но „ДАМАТА ПОД ВЕЛОТ“ ја погоди темата докрај

Спектаклот, веќе 78 години познат како Мет гала, повторно покажа како модата изгледа кога симнува од модните писти и „оживува“ на црвениот тепих, во самиот центар на Њујорк. Во прочуениот „Метрополитен музеј на уметноста“, овој настан традиционално собира повеќе светски ѕвезди од шоу-бизнисот отколку што би се појавиле на отворање на изложба на некој од најголемите уметници во историјата.

И токму кога станува збор за уметноста – главната тема на овогодинешната церемонија – публиката имаше можност да види вистинска „жива статуа“.

А кој друг ако не – Хајди Клум!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala 2026 (@metgalaofficial_)

Можеби на прв поглед ќе помислите дека некрунисаната кралица на Ноќта на вештерките целосно ги промашила вечерта и темата, но всушност таа погоди „во центарот“. Темата зададена од Ана Винтур беше Costume Art, што на учесниците им остави огромен простор за модни експерименти. А Хајди Клум, која веќе одамна е дел од „постојаната поставка“ на Мет гала, отиде чекор подалеку од сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Иако тоа кај неа не е ништо ново, овој пат на црвениот тепих се појави нешто што многумина прво го опишаа како „Статуа на слободата“, сè додека не сфатија дека всушност станува збор за оживеана скулптура изработена од мермер.

Инспирација од „Дамата под велот“

Необичниот, за некои дури и бизарен стајлинг, претставува почит кон италијанскиот вајар Рафаело Монти и неговото најпознато дело „Дамата под велот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Z (@art_museum_walker)

Скулптурата на свештеничката од антички Рим е изработена во 1847 година и се наоѓа во „Четсворт хаус“, резиденцијата на семејството Кевендиш во Дербишир. Слични дела на Монти се чуваат и во познати институции како „Метрополитен“ во Њујорк, како и во галерии во Пиемонт и Минеаполис.

За оваа појава, Хајди Клум се одлучи за целосно поинаков пристап од минатогодишниот – кога се појави во едноставна црна креација на Гурам Гвасалија.

Овој пат, зад проектот стојат уметникот Мајк Маринo и неговиот тим, кои неодамна ѝ го изработија и костимот на Медуза за Ноќта на вештерките. Наместо класични ткаенини, користени се материјали како спандекс и латекс, со цел да се постигне ефект на „оживеана скулптура“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Во секој случај, Хајди – „жената од камен“ – повторно остави силен впечаток. И не, не ја промаши темата, иако така можеби на прв поглед изгледаше.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе