Женскиот миленик шокира со признанието дека е геј: Со овој актер е во врска од 2007 година?

Дали сте знаеле?

Актерот Вентворт Милер го одбил враќањето во најавената шеста сезона на серијата „Бегство од затвор“, бидејќи повеќе не сака да глуми хетеросексуални ликови

Кога светот почна да ја гледа хит-серијата „Бегство од затвор“, тогаш започна и апсолутната хистерија по главниот лик, прекрасниот и харизматичен актер Вентворт Милер.

Оној што не ја гледал серијата поради напнатите сцени преполни со акција, дефинитивно ја гледал поради неодоливиот актер. Не се знае многу за љубовниот живот на Вентворт Милер, што не е ни чудно, со оглед на тоа што 50-годишниот актер се декларирал како хомосексуалец пред девет години.

Згодниот актер разочарал бројни женски обожавателки во 2013 година кога ја одбил поканата на Филмскиот фестивал во Санкт Петербург, затоа што не го одобрувал ставот на руската влада кон хомосексуалците.

„Како хомосексуалец, морам да ја одбијам оваа покана“, им напишал во писмото и така го открил тоа што со години го држел за себе.

Актерот во 2020 година на својот инстаграм-профил објавил дека нема да се врати во улогата на Мајкл Скофилд во најавената шеста сезона на хит-серијата „Бегство од затвор“.

„Завршив со таа серија. Официјално. Едноставно не сакам повеќе да глумам хетеросексуални ликови. Нивните приказни се веќе толку пати раскажани. Ако сте лути поради тоа што сте се вљубиле во фиктивен хетеросексуален маж, кого го глуми хомосексуален човек во реалниот живот… тоа е ваша работа – В. М.“, напишал актерот во своето обраќање кон обожавателите на Инстаграм.

Медиумите шпекулирале дека е геј долго време пред актерот да одлучи да го сподели тоа со светот, па го поврзувале со актерот Кристофер Кузик и фотографот Марк Лидел.

Се претпоставува дека Милер ја пронашол среќата во прегратките на актерот Лук Мекфарлен, со кого наводно се гледа уште од 2007 година. Актерот што внимава да го сочува приватниот живот од јавноста и медиумите, никогаш не сакал да ги коментира медиумските шпекулации за неговиот љубовен живот.

Актерот Лук Мекфарлен „излегол од плакарот“ во 2008 година во интервју за канадските весници The Globe and Mail.

„Не знам што ќе се случи професионално… од тоа се плашам, но всушност, не можам да се грижам за она што можеби ќе се случи, бидејќи тоа е мојата вистина“, изјавила ѕвездата од серијата на Еј-Би-Си „Браќа и сестри“.

Зад големата насмевка криела страшна тајна: Најпознатата дадилка на светот со години не можела да се соземе од овој шок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.