Жените што менуваат сè: ПРОФЕМИНА 2025 ја одбележа годината со моќ и инспирација! (ВИДЕО)

Настан што отвори нови хоризонти

Експлозија од знаење, убавина и моќ на една сцена…

Редакцијата на списанието „Убавина и здравје“ деветти пат ја одржа регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА, овој пат на 23 октомври во Холидеј Ин, под импресивното мото: „Креативна, моќна, непобедлива“.

Денот траеше од 10:00 до 17:00 часот и беше исполнет со инспирација, мотивација, убавина и знаење, во друштво на бројни експерти и панелисти од областа на медицината, дерматологијата, психологијата, партнерските односи, образованието и бизнисот.

ПРОФЕМИНА 2025 понуди моќна програма која отвори важни прашања и инспирира позитивни промени. Од здравје и убавина, преку психолошка рамнотежа и партнерски односи, до дигиталниот живот и личниот развој – сè на едно место, за да се поттикнат женската сила и самодоверба!

Во продолжение, погледнете дел од величествената атмосфера на Профемина 2025 и инспирирајте се за сопствениот пат кон успехот!

Видео: Youtube

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе