Жална вест: Кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур загина во сообраќајна несреќа

Трагедија

Несреќниот момент се случил во Кисела Вода

Минатата вечер во тешка сообраќајна несреќа загина еден од најпопуларните македонски кошаркари во историјата, Благоја Георгиевски Буштур.

Трагичниот настан се случил во скопската населба Кисела Вода, откако Георгиевски изгубил контрола над своето возило, излетал од лизгавиот пат и удрил во бетонските блокови покрај булеварот. Сепак, се’ уште се чека официјална потврда на сите информации поврзани со несреќата.

Благоја Георгиевски-Буштур (роден 15. 10. 1950) бил поранешен кошаркар и југословенски репрезентативец. Својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска лига. Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација, со која ја освоил Блаканијадата во Риека во 1970 година. Потоа, за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.

Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал. Подоцна станал и амбасадор на Специјалните олимписки игри.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.