Запознајте ги Сијче Трајкова, Викторија Дукова и Филип Дивлев – Нивните настапи се едни од најкоментараните во „Заблескај“

Падна и по некоја критика!

После само три дена од емитувањето на музичкото талент шоу „Заблескај“, социјалните мрежи се преплавени со позитивни коментари на сметка на изведувачите кои настапија во првата емисија, а денес ќе ве запознаеме со уште три кандидати кои исто така собраа низа комплименти на основа на своите вокали од страна на стручното жири во првата емисија, Дани Димитровска и Никола Перевски – Пере. 

Прва која ќе ви ја претставиме во оваа тројка е талентираната Сијче Трајкова која беше еден од фаворитите на Дани.

Сијче има 25 години и доаѓа од Кавадарци. Има завршено гимназија и курс по козметика. Нејзино хоби е цртањето, а исто така свири и гитара. Нејзини омилени пејачки се Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара Тодевска и Џеси Џеј, а токму една од песните кои ги има преработено нејзината омилена Каролина, „Ако згрешам нека изгорам“ ја испеа и таа.

Браво за изборот на песна, ме купи од старт, браво за емоцијата, природно изгледа и звучи и многу ми се допаѓа, прокоментира Дани откако го преслуша настапот на Сијче.

Одличен избор е направен, ова е сиров материјал и тоа многу го почитувам и сметам дека има одлична интерпретација, боја, многу е убава, се гледа дека се занимава со шминка и козметика, рече Пере.

Петта по ред во првата емисија од „Заблескај“ настапи Викторија Дукова. 

Оваа 21- годишна девојка во моментов работи на клиничкиот центар Мајка Тереза. Живее во Скопје, а е од Градско и признава дека отсекогаш сонувала да биде на малите екрани. Досега немала храброст да се пријави на музичко талент шоу, но успеала да се избори со тремата и своето прво јавно музичко појавување го имаше токму во „Заблескај“.

Ја отпеа „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ, а Дани и Пере за нејзиниот настап ги имаа следниве коментари:

Убаво звучи, но повеќе ја слушам Марија во позадина на снимката, отколку неа, прокоментира Пере, а Дани додаде дека треба да продолжи во иднина да се занимава со музика, но кога ќе снима видеа да пее исклучиво на матрица.

Јавноста во рамки на првата емисија го запозна и Филип Дивлев кој за „Заблескај“ запеа во друштво на својот омилен пејач и музичар, Ѓоко Јовиќ. Инаку, Филип има 22 години и доаѓа од Скопје, а неговата цел е многу конкретна, а тоа е да стане пејач.

Одличен трилер кој одговара на оваа песна, има емоција и тоа е добро. Убав глас и убав избор на песна, јас ги обожавам овие народни песни. Вистински избор на песна, дефинитивно, едногласни беа Дани и Пере.

Пријавувањата за „Заблескај“ се уште се во тек и траат до 10 мај!

Снимете се како ја пеете вашата омилена песна, првата строфа и рефренот од неа, видеото пратете ни го на ДМ на Инстаграм страницата на „Убавина и здравје“ – @ubavinaizdravje.mk или на маил адресата redakcija@ubavinaizdravje.mk

Видеото од вашата изведба објавете го и на вашиот Инстаграм профил со хаштаг #заблескај и #заблескајсоорбит.

Премиерата на втората емисија и претставувањето на новите 10 кандидати ќе можете да ја гледате во понеделник, на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ во 21 часот, а стручниот двоец, односно жири за оваа емисија ќе ви го откриеме наскоро.

Со среќа на сите кандидати!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.