Започна Профемина 2019 со позитивна атмосфера и убави луѓе

Почнавме!

Гостите нетрпеливо го очекуваа официјалниот старт на конференцијата

Среда, 27-ми ноември, во точно 10.00 часот наутро вратите на хотелот „Александар Палас“ беа отворени за гостите што нетрпеливо го очекуваа почетокот на четвртото издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2019“.

Пред официјалниот старт, публиката љубопитно ги разгледуваше штандовите на поддржувачите на конференцијата и ги тестираше нивните производи.

Внатре во салата ги пречека официјалниот автомобил на настанот е комплетно новиот CLIO кој ќе ве воодушеви од моментот кога ќе го погледнете со својот модерен, динамичен стил, сензуални линии, нов светлосен потпис и ексклузивна внатрешност.

Најбрзите ранобудници што први пристигнаа на конференцијата и си зафатија место, ги пречека слатко изненадување на столчето – У&З пакетче полно со производи.

Уште едно пријатно изненадување за присутните беше и тоа што првата гостинка со која почнува конференцијата, новинарката и писателка Весна Дедиќ, веќе беше пристигната и со насмевка се поздравуваше со своите обожаватели кои побрзаа да се фотографираат со неа и да побараат потпис на своите примероци од нејзините книги.

Салата полека се полнеше и Профемина можеше да започне во 10.30 часот. Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот поздравувајќи ги неговите поддржувачи, откривајќи и’ на публиката што се’ може да очекува до 18.00 и најавувајќи ја првата специјална гостинка – Весна Дедиќ која во разговор предводен од страна на професорката Татјана Алексиќ ќе ни открие „што сакаат жените“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.