ЗАБРАНА: Хари и Меган Маркл мора да се збогуваат со придавката „кралски“
Веќе не се „ројал“
Изгледа дека по популарниот „мегзит“, принцот Хари и Меган Маркл ќе мора да се откажат и од „кралскиот бренд“ пренесува „Дејли мејл“.
Имено, војводата и војвотката од Сасекс, како што се напоменува, потрошиле десетици илјади фунти на новиот сајт „Сасекс ројал“ за да го надополнат својот мошне популарен интернет-профил. Имале намера и да го регистрираат „Сасекс ројал“ како заштитен знак во различни цели и активности, вклучувајќи облека, честитки, книги и материјал за настава.
По долготрајните и сложени разговори се верува дека британската кралица и истакнати официјални лица се согласиле дека „веќе не е одржливо“ двојката да ја користи придавката „кралски (ројал) во своето брендирање“, наведува „Дејли мејл“.
Сопружниците презеле и чекори за основање нова хуманитарна организација „Сасекс ројал – Фондација на војводата и војвотката од Сасекс“, а „Дејли мејл“ наведува дека ќе мора да најдат нов назив за фондацијата.
Хари и Меган наводно прифалите, во согласност со своите нови професионални активности и ангажмани, да не ги користат кралските титули. Сепак, ваквиот развој на настаните претставува голем удар за нив бидејќи ќе мора да пререгистрираат сѐ, почнувајќи од сајтот до хуманитарните организации, оценува британскиот весник.
Фото: Instagram, Getty Images