Втора полуфиналистка во „Заблескај“ е Минела Богдановиќ -„Ваков вокал ѝ недостасува на македонската сцена!“

Мартија и Таско едногласно порачаа: „Девојко, ти си чудо!“

Вчеравечер беше прикажана втората емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“, а гости, односно во улога на жири, имавме можност да ги видиме Мартија Станојковиќ и раперот Таско.

Двоецот едногласно одлучи втор полуфиналист да биде Минела Богдановиќ, чија изведба беше под реден број. 9.

Дефинитивно ова е изведба која што би ја слушала секој ден, одново и одново“, прокоментира талентираната Мартија.

„Се гледа дека Минела ја живее музиката. Додека ја слушав, за момент помислив дека сум во Америка, на нашата домашна музичка сцена ѝ недостасуваат вакви изведувачи“, кажа Таско за изведбата на оваа 24-годишна девојка.

Инаку, Минела е родена во Врање, меѓутоа веќе веќе неколку години живее во Скопје. Моментално студира музичка уметност, односно џез, популарни жанрови и пеење. Покрај аренби, соул, џез и фанк, таа е голем фан и на традиционалната музика.

Минела има и свој бенд кој се вика „Калата“ и со нив изведува традиционална музика. Од македонската сцена особено ги почитува Елена Ристеска и Тамара Тодевска.

Во „Заблескај“ настапи со кавер на темата  Golden од Џил Скот. 

Покрај, Минела, јавноста имаше можност да види и чуе уште девет изведувачи.

Богдановиќ е втората полуфиналистка во „Заблескај“.

Во продолжение, погледнете го видеото од втората емисија, односно аудиција. Чекаме коментари!

Видеото од емисијата ќе биде објавено и на инстаграм-профилот на „Убавина и здравје“, каде што очекуваме во коментар да ни пишете кој е ваш фаворит.

Пријавувањето веќе е завршено, а следуваат уште четири аудиции, па по тоа полуфинале, па финале.

Победникот добива дует со Елена Ристеска. Со среќа на сите и заблескајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.