Вперил пиштол во Карлеуша и барал да се симне од бината: По инцидентот, пејачката донесе храбра одлука

На овој нејзин потег никој не се надеваше

По пауза подолга од една деценија, Јелена Карлеуша повторно најави настап во Будва. На овој нејзин чекор никој не се надеваше, пред се’ поради инцидентот што ѝ се случи за време на настапот во една од тамошните дискотеки.

За потсетување, косопственикот на дискотеката во Будва, инаку познат на полицијата како член на црногорското подземје, ја нападна Јелена со огнено оружје, и тоа додека таа ги изведуваше своите најголеми хитови на бината. Вперувајќи пиштол во неа, побара да се симне од бината, а откако таа одби да го направи тоа, се упати кон неа, но, за среќа, реагираа момците од нејзиното лично обезбедување и спречија посериозен инцидент.

По повеќегодишно заобиколување на Будва, поради непријатноста што ја доживеав на последниот настап одамна (на кој, за среќа, имав десет души во обезбедување), одлучив повторно да настапам во овој град“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил, и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Инаку, таква сум јас, доволно е некој да ми се обрати погрешно за да го пречкртам, вклучувајќи ги и местото и државата… А не, пак, вооружан да тргне кон бината. Но, во ред, лошите луѓе го добија заслуженото, а јас ќе се дружам со вас во Будва на 24 јули“, порача популарната пејачка.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.