Војводите на службената турнеја го зедоа и малиот Арчи, облечен во комплетчето што на принцот Хари пред 34 години му го облече принцезата Дајана (ФОТО)

Фото: Getty Images

Војводата и војвотката од Сасекс Меган и Хари ја почнаа својата службена турнеја низ Јужна Африка, а со себе го зедоа и 4-месечниот син Арчи.

Овој потег ги зачуди сите бидејќи бебето е премногу мало за вакво патување, кое се состои од голем број обврски и пребукиран распоред…

Меган имаше широка насмевка на лицето додека излегуваше од авионот, а блескаше во комбинацијата од бели фармерки и маица, и широк сив капут и балетанки во неутрална нијанса.

 

Во прегратка го држеше малиот Арчи, а и покрај тоа што бебето слабо се гледа на фотографијата, јасно е дека носи тегет дуксче и капа со пуфка на врвот.

На социјалните мрежи веднаш се појави споредба на малиот Арчи со принцот Хари на таа возраст, кога беше идентично облечен додека принцезата Дајана го држеше во рацете.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.