Војин Ражнатовиќ со години не зборува со децата на маќеата Цеца Ражнатовиќ

Но додека бил жив Аркан, не било така...

Полубратот и полусестрата не го сакаат поради нападите врз нивната мајка

Покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, пред да се ожени со младата Цеца Величковиќ, имал седум деца, меѓу кои и синот Војин, кој со години не зборува со популарната пејачка и Вељко и Анастасија, иако на времето позираше во еден од нејзините видеоспотови.

 

 

Девојките во тоа време буквално лудуваа по него, а денеска живее во Америка, а има и брат по име Никола, кој исто така му е син на Аркан.

Видеоспотот можете да го погледнете ТУКА.

Српските медиуми пишуваат дека причината поради која полубратот и сестрата, Вељко и Анастасија, не разговараат со постариот полубрат, е фактот што тој постојано ја напаѓа популарната пејачка во медиумите, незадоволен од поделбата на наследството на покојниот татко, додека, пак, Цеца досега се нема огласено овој повод, пред се’ поради ветувањето што му го дала на сопругот дека никогаш нема да го напаѓа неговото семејство.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.