Милена Антовска се породи: Добре дојде Јоана!

Се чувствува одлично

Фото: Инстаграм

Пред еден час на Клиниката за гинекологија и акушерство се породи популарната водителка.

Милена Антовска денес, на Василица, на свет ја донесе Јоана, нејзината втора ќерка. Водителката се породи по природен пат и овој ден за неа и сопругот Гордан Станковски е еден од најубавите во животот.

Првата ќеркичка Лана Марија, која со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината мала сестричка, стана дада. 

Ова е второ дете и втора најголема радост во семесјтвото Антовски-Станковски.

Милена вчера го прослави својот 35 роденден, па на социјалните мрежи со своите следбеници сподели дека голема забава нема да прави бидејќи во секој момент очекува да се породи. Па така, во иднина мама и Јоана една по друга ќе ги прославуваат своите родендени.

Честитки од редакцијата на „Убавина и здравје“!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.