Владеела со модниот свет и не станувала од кревет за помалку од 100.000 долари: А денес е непрепознатлива!

Некогаш и сега

Поранешниот канадски топ модел е сопственичка на титулата „највлијателна манекенка на сите времиња“

Линда Евангелиста (55) е една од најуспешните топ-моделки на сите времиња. Во 1990-те години заедно со Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Турлингтон и Кејт Мос била дел од познатата „голема шестка“.

Канадската убавица со италијанско потекло зачекорила во светот на моделството во 1989 година и за многу кратко време станала најбараниот супермодел на светот.

Незадоволна од Торонто, преминала во агенцијата Elite Model Management и на 18 години живеела на релација Њујорк – Париз – Лондон.

Ја викале „моден камелеон“, а благодарение на својата сличност со Софија Лорен, станала заштитно лице на „Версаче“, па на „Ревлон“.

Нејзиното лице красело повеќе од 700 насловни страници на магазини ширум планетата, а била и долгогодишна муза на фотографот Стивен Меисел. Позната е нејзината реченица: „За помалку од 100.000 долари не станувам од кревет“.

На 22 години се омажила за Жерал Мари, претседател на Elite, но бракот траел шест години.

Славната убавица останала бремена на 41 година, а таткото на детето е францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино, денешниот сопруг на Селма Хаек. Но долго одбивала да каже кој е таткото на нејзиното дете.

Денес, Линда се занимава со повлечен фамилијарен живот, далеку од светлата на рефлекторите.

Светската слава е далеку зад неа и посветена му е исклучиво на синот. А многумина не би ја ни препознале денес…

Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.