Вистината излезе на виделина: Еве зошто Меган и Хари не живеат со остатокот на кралското семејство

Кралицата Елизабета не сакала да ѝ ја исполни желбата на својата снаа

Познато е дека кралската двојка принцот Хари и Меган Маркл не живеат во дворецот Виндзор со остатокот на семејството. ога се расчу оваа информација, на почетокот на нивниот брак, желбата за самостоен живот наиде на голема осуда од страна на британската јавност.

Меѓутоа, изгледа дека не станува збор за нивна желба, туку за „наредба“ на кралицата Елизабета.

Како што пренесува „Дејли мирор“, по венчавката Меган многу сакала да живее во прекрасниот дворец, но нејзината желба наишла на негодување од страна на кралицата. Иако меѓу нив нема конфликти и зла крв, сепак кралицата не сакала да и’ ја исполни желбата на својата снаа.

Од не сосема разјаснети причини, 93-годишната британска кралица сметала дека не е во ред тие двајца да живеат во дворецот, па им ја дала резиденцијата што се наоѓа во близина на дворецот Виндзор, во чие реновирање се вложени околу половина милион фунти.

Ако размислиме малку подобро, можеби кралицата и’ направила услуга на Меган, бидејќи вака има поголема слобода и приватност.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.