Вилијам и Кејт ги собрале децата и работите и си заминале од кралската палата: Еве каде ќе престојуваат!
Мал рај
Омилена летна дестинација на идниот крал и неговата сопруга
Принц Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон ги спакувале куферите и ги повеле своите три деца на својата вообичаена дестинација за летување – островот Сили на југозападниот брег на Корнвол.
https://www.instagram.com/p/B__4cPygOK_/
Времето за одмор им дошло во вистински миг – токму кога сѐ повеќе се пишува за книгата што ќе разоткрие сѐ за односите на популарните парови Кејт и Вилијам и Меган Маркл и принц Хари.
Поради тие околности, но и намалениот број на јавни појавувања како последица на пандемијата на коронавирус, која сѐ уште не стивнува, Кејт и Вилијам со задоволство ја прифатиле можноста да уживаат во одморот подолго од вообичаено.
https://www.instagram.com/p/CDTwRLGAd7B/
Погледнете како изгледа омилената летна дестинација на идниот крал и неговата сопруга!
https://www.instagram.com/p/CDS8P4MnE9k/