Вилата ѝ се распаѓа, па ја покани кумата да ѝ помогне: Ова е причината поради која Вики Миљковиќ отпатува кај Цеца Ражнатовиќ на Кипар

Напомош!

Цеца Ражнатовиќ веќе неколку дена одмора во својата вила на Кипар во друштво на сестра си Лидија и внукот Жељко.

Сепак, на гости во вилата дојде и нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ, по што медиумите ја открија и причината за нејзиното доаѓање таму.

Имено Цеца е подготвена да ја реновира вилата на Кипар, а Вики е подготвена да и помогне со нејзината нова фирма, која се занимава со недвижности, а ја отвори во време на корона-кризата со својот сопруг Андреј Тасковиќ Ташке.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by viki_miljkovic18 (@viki_miljkovic18)

Цеца со години не вложуваше пари во вилата, а сега одлучи потполно да ја среди. Кога Вики ѝ рече дека отворила фирма за тие работи, таа веднаш одлучи да ја ангажира. Миљковиќ беше пресреќна што Цеца е една од нејзините први клиентки. Тоа е одлична реклама“, вели изворот за српските медиуми.

Изворот додава дека Цеца сака да ја реновира вилата од подот, па до плафонот.

Ќе ја среди оградата која е во лоша состојба, фасадата, базенот, целата инфраструктура на куќата, а Вики со своите архитекти и дизајнери на ентериер ќе го изработат проектот“, вели изворот.

Инаку, Вики ја искористи шансата на Кипар да ужива со сопругот и синот, а да се дружи и со Цеца и нејзиното семејство, особено внукот Жељко, кој е вистинска атракција за сите.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.