(ВИДЕО) Во неговиот скут додека небото гори: Романтичните моменти на Љупка Митрова од Кан

Љупка Митрова ужива во летниот одмор на француската ривиера, а со своите следбеници сподели романтични моменти од престојот во Кан, каде што е заедно со сопругот.

Парот имал посебна вечер исполнета со љубов и нежности, а романтичната атмосфера дополнително ја разубавил спектакуларниот огномет кој го осветлил небото над француското крајбрежје.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

На видеото што го објавија на Инстаграм, Љупка и нејзиниот сопруг уживаат во моментот, разменувајќи нежности додека зад нив се нижат блескавите огномети. Во еден особено интимен момент, Љупка седи во скутот на сопругот, а двајцата очигледно уживаат во заедничкото време.

Снимката брзо го привлече вниманието на нивните следбеници, кои имаа можност да ѕирнат во нивната романтична атмосфера од престојот на француската ривиера.

Кан, познат по својот гламур, прекрасните погледи и романтичната атмосфера, очигледно е совршена дестинација за Љупка и нејзиниот сопруг, кои летниот одмор го претвораат во низа незаборавни моменти.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе