ВИДЕО- Погледнете ја петтата емисија на „Заблескај“, Јана Стојановска и Елена Петреска имаа тешка задача!
Квалитетни кандидати
Во понеделникот на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ беше прикажаната петтата емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“. Во жири беа пејачката Елена Петреска и актерката и пејачка Јана Стојановска, а како што веќе знаете, овие две дами одлучија директно во полуфинале да оди Марија Јаковлевска.
Освен Марија, беа прикажани уште 12 кандидати, а со оглед на тоа што меѓу нив имаше квалитетни изведувачи, сигурни сме дека уште некој од нив ќе се најде во големото полуфинале.
Целата емисија погледнете ја во продолжение. а веќе во понеделник следува шестата емисија, но и објавувањето на сите полуфиналисти.